Top Sport

Госенс ​​за германската репрезентација: Очајна ситуација

Германија ја продолжи, со поразот во пријателскиот натпревар против Полска (1:0), ја продолжи серијата лоши резултати.

Четирикратниот светски и трикратен европски шампион веќе подолго време игра многу слабо. Германија не успеа да ја помине групата на последните две светски првенства.

На последното Европско првенство испадна во осминафиналето, а остана и без пласман на завршниот турнир во Лигата на нации.

Последниот дебакл на големо натпреварување беше оној пред половина година во Катар, тогаш Германија објави дека почнува од нула. Сепак, на четири пријателски натпревари го победи само Перу. Тие ремизираа со Украина и загубија од Белгија и сега од Полска.

Ова предизвика ново големо негодување кај германската јавност. Нација која е навикната своите фудбалери да играат во завршниците на големите натпреварувања, сега ги брои поразите. Лошите резултати ја загрижија нацијата пред Европското првенство кое следната година ќе се игра во нивната земја.

Реалноста ја опиша Робин Госенс, левиот бек на Интер.

„Ситуацијата е очајна. Натпреварот против Полска го замисливме како голема забава и камбек, а што покажавме? Ништо. Не бевме квалитетни, не се боревме. Правиме сè погрешно, сè ни недостасува и ова е срање!“

Сепак, Госенс верува дека сè може да се сврти:

„Имаме одлични играчи и тоа мора да го покажеме на теренот. Само така ќе ја заслужиме довербата и поддршката од навивачите“.

Scroll to Top