Регуларен гол не и беше признат на Барселона на „Местаља“, на дербито со Валенсија, но она што импресионира по натпреварот е џенлменската реакција на тренерот Ернесто Валверде, кој не сакаше да бара алиби за нерешените 1:1.
„Кога игравме против Малага постигнавме гол иако претходно топката беше излезена во гол-аут. Сите се согласуваме дека во вакви ситуации нема потреба од повторени снимки. Сепак вакви работи често се случуваат, сите ние зависиме од судиите“, рекол Валверде.
„Тимот реагираше позитивно и избори реми. Доминиравме во првото полувреме, целосно го контролиравме мечот. Валенсија заигра поагресивно во второто полувреме, ние не престанавме да се обидуваме да постигнеме гол, а имавме можност и да победиме. Среќен сум бидејќи и покрај контроверзите не ја загубиве концентрацијата и успеавме да се вратиме кога губевме 1:0“, дополнил тренерот на Барселона.
Спорниот детал не го коментираа ниту останатите играчи на Барселона, исклучок е стрелецот на голот, Жорди Алба, кој рекол дека ВАР технологијата е неопходна и во Примера.
Инаку, ова не е прв пат оваа година, судиите да не видат дека Барселона постигнала регуларен гол. Во финишот на минатата сезона, идентична ситуеција е видена на натпреваротсо Бетис.
По 13.кола во Ла Лига Барселона остана лидер со 35 бода, четири повеќе од Валенсија и осум повеќе од мадридските тимови Атлетико и Реал.
Нерешено за Валенсија и Барса, поништен чист гол на Меси (видео)