Top Sport

Готи го „препороди“ Удинезе – трета победа во низа (видео)

Привремениот тренер на Удинезе, Лука Готи очигледно си ја знае својата работа, откако тимот на македонскиот репрезенативец Илија Несторовски (кој повторно не играше) стигна до третата победа во низа во Серија А, победувајќи ги Сасуоло со 3:0.

Готи беше помошник на претходниот тренер на „зебрите“, Игор Тудор, во моменти кога тимот беше во зоната за испаѓање, пред да прифати да биде привремен тренер без амбиции да биде поставен за постојан тренер.

Стефано Окака им донесе водство на домаќините во 14. минута од мечот, по што во второто полувреме паднаа уште два гола – Кен Сема во 68. минута и Родриго де Паул во 91. минута. Со оваа победа, Удинезе е на 11. место на табелата со 24 поени, додека Сасуоло со 14. со 19 поени.

Scroll to Top