Top Sport

Јул ги полуде Швајцарците во Аделбоден (видео)

Само четири дена по триумфот на ноќниот спектакл во Мадона ди Кампиљо, Даниел Јул ги воодушеви домашните фанови, триумфирајќи на домашен снег на слаломот во Аделбоден за да стане најдобар скијач во слалом од Швајцарија во историјата со три победи во Светскиот куп.

Јул беше најбрз по првото возење на класичната швајцарска патека, и на крајот успеа да го заддржи водството пред Норвежанецот Хенрик Кристоферсен за 0.23 секунди, откако ривалот успеа да скокне од осмото место по првото возење. Подиумот го комплетираше Австриецот Марко Шварц со 0.28 секуди послабо време.

Швајцарците немаа победа во Аделбоден од јануари 2008 година, кога Марк Берто победи во велеслалом. Иако Швајцарија е алпска велесила, тие обично доминираат во брзинските дисциплини, со што Јул успеа да стане најдобриот Швајцарец во слалом пред Думенг Џованоли, Примин Цурбриген и Дидие Плаши.

Scroll to Top