Top Sport

Готово е, Де Брујне ќе потпише за Наполи

Кевин Де Брујне (33) ќе стане нов играч на Наполи, објави Фабрицио Романо. Најпознатиот фудбалски инсајдер напиша „here we go“, што значи дека трансферот е завршен и дека се чека само да биде официјализиран.

Репрезентативецот на Белгија, како слободен играч бараше нов клуб откако му истече договорот со Манчестер сити, каде што стана еден од најдобрите фудбалери во светот.

Се пишуваше дека може да ја продолжи кариерата во МЛС или Саудиска Арабија, но одлучи да остане во Европа и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите со италијанскиот шампион.

„По лекарските прегледи и другите формалности, ќе потпише двегодишен договор со опција за продолжување за уште една сезона“, откри Романо.

Финснаките детали се уште не се познати, но италијанските медиуми претходно пишуваа дека Наполи му понудил 27 милиони евра за три сезони.

Кариерата, Де Брујне ја започнал во Генк, а потоа играше за Челзи, Вердер и Волфсбург. Дојде во Манчестер сити во 2015 година и долги години беше главен играч на тимот што владееше во Премиер лигата. Со клубот од Манчестер, тој ја освои Лигата на шампионите и уште 17 трофеи.

Одигра 111 натпревари за белгиската репрезентација и постигна 31 гол. „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 20 милиони евра, а неговата највисока вредност според овој портал, специјализиран за фудбалски трансфери, била 150 милиони евра во мај 2018 година.

Scroll to Top