Top Sport

Готово е! Нагелсман повторно ќе го замени Ханси Флик

Јулијан Нагелсман добил „зелено светло“ од страна на Германската фудбалска федерација (ДФБ) и наскоро ќе биде потврден како германски селектор, за повторно да го замени Ханси Флик, слично како што го замени на клупата на Баерн Минхен во минатото.

Според Фабрицио Романо, 36-годишниот Нагелсман има устен договор со федерацијата и се очекува во следните неколку дена тоа да биде потврдено, пред Германија да игра пријателски меч со САД на 14 октомври.

Иако Нагелсман доби отказ во Баерн во март, се веруваше дека уште има договор со германскиот клуб, кој можеше да бара оштета од федерацијата ако сака да го ангажира тренерот пред 2026 година. Сепак, сега се тврди дека Баерн му го поништил договорот на Нагелсман, кој поради ова се откажал од 20 милиони евра во плати кои му ги должат Баварците.

Scroll to Top