Дани Алвеш минатата недела стана првото засилувањена новиот тренер на Барсеона, Чави Ернандез, кој ќе почне со работа од јануари, а во моментов 38-годишниот ветеран е само „гостин“ на клубот, враќајќи се на тренинзи и носејќи големо искуство во тимот.
Оваа недела, Бразилецот, кој си замина од Барса во 2016 година, беше во посета на своите нови соиграчи, и видеото од неговиот говор пред играчите стана вирален на Интернет, како совршен пример на човек кој знае што значи големината на каталонскиот клуб.
„Дојдов тука да учам од сите вас, бидејќи вие сте новите фудбалери на овој свет. Јас сум од стариот свет, и сакам да ви пренесам едно нешто: бидете свесни што претставува овој клуб и овој дрес. Сум бил на многу места, но ова е најдобриот клуб каде што сте способни да направите големи работи, да живеете. Тука сте, ценете го тоа, бидејќи нема ништо подобро надвор од овој клуб“, вели Алвеш.
?: ❝Aquí es el mejor sitio para conseguir cosas grandes. No hay un lugar mejor❞ – @DaniAlvesD2 ? pic.twitter.com/jD7L1b8PeS
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) November 16, 2021