Top Sport

Грабеж во живо: Голманот на Ботафого остана без својот џип (Видео)

Голманот на бразилскиот прволигаш Ботафого, Џеферсон, минатата недела преживеал вистински кошмар кога бил пресретнат од тројца непознати напаѓачи што му го украле автомобилот. Инцидентот се случил во северниот дел на Рио де Жанеиро, во близина на стадионот „Нилтон Сантос“.

Криминалците што биле во друг автомобил најпрвин го натерале Џеферсон да го сопре својот автомобил, а потоа под закана со пиштоли го исфрлиле од луксузниот џип и заминале од местото.

„Бев само уште една жртва на насилство во нашиот град. Одев на тренинг кога ме опкружија вооружени луѓе со намера да ми го одземат автомобилот. Фала му на бога што останав смирен во тие моменти и не морав да трпам никакво насилство. Ова е тажна ситуација за сите што живееме во Рои де Маниерно. Се надевам дека слични работи нема да им се случат на други луѓе“, рекол Реверсон.

Инаку, приказната има среќен крај бидејќи полицијата го пронашла џипот и веднаш му го вратила на Реверсон.

Scroll to Top