Top Sport

Градоначалничката на Рим се лути: Германските хулигани го уништија вечниот град (галерија)

Градоначалничката на рим, Вирџинија Раџи ги нападна навивачите на Ајнтрахт Франкфурт обвинувајќи ги дека го „уништиле“ Рим барајќи крај на хулиганизмот во италијанската престолнина.

Навивачите на Ајнтрахт пред гостувањето кај Лацио се судрија со полицијата на „Пјацале Фламинио“ пред мечот.

„Рим беше мета на германските хулигани последните два дена. Тие направија грабежи во одредени делови од градот, има вести за уништени автомобили и уништени супермаркети. Јас го сакам фудбалот и целиот спорт, а Рим ги почитува фановите, но веќе не сакаме хулигани. Што е доста, доста е“, изјави Раџи.

Во Рим пристигнаа околу 10.000 навивачи на Ајнтрахт и атмосферата можете да ја видите на следните фотографии.

Scroll to Top