Арсенал, завчера, го обезбеди своето место во финалето на Лигата на шампионите за прв пат по дваесет години. По победата од 1:0, тешки обвинувања стигнаа од шпанската престолнина.
Градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида, тврди дека натпреварувањето било наместено, сугерирајќи дека управното тело на европскиот фудбал се здружило за да го обезбеди пласманот во финалето на Арсенал на сметка на тимот на Диего Симеоне.
По триумфот на Арсенал со вкупен резултат од 2-1, запечатен со решавачкиот гол на Букаја Сака во вторник вечерта, Мартинез-Алмеида го нападна интегритетот на натпреварувањето.
Тој посочи дека исходот бил однапред одреден и инсистираше дека Атлетико се борел против институционална пристрасност, а не само против играчите на Микел Артета.
Во својот говор во средата, тој рече: „Знаете, кога ја видов ждрепката, мислев дека ќе играме против Арсенал, но грешев. Моравме да играме против УЕФА. И УЕФА јасно стави до знаење дека не го сакаат Атлетико Мадрид во финалето на Лигата на шампионите. Неразбирливо е што назначија германски судија додека Шпанија и Германија се борат за петтото место во Лигата на шампионите.“
Фрустрацијата на градоначалникот произлегува од изборот на судиите, особено имајќи ја предвид борбата за коефициенти меѓу земјите за дополнителни места во европските натпреварувања.
Тој верува дека назначувањето германски судии за толку важен натпревар бил пресметан потег со цел да се оштети шпанскиот клуб и да се олесни победата на Арсенал.
„Кој, освен УЕФА, би помислил да назначи германски судија и како главен судија и како судија во ВАР собата? Вчера имаше ситуации кои не беа резултат на тоа дали судијата бил добар или лош, туку, според мене, однапред одредени одлуки со намера да му наштетат на Атлетико Мадрид“, продолжи Мартинез-Алмеида, инсистирајќи на своите тврдења за заговорот во рамките на УЕФА.
Во центарот на гневот на Мадрид се два специфични инциденти со Рикардо Калафиори. Првиот се случи кога Џулијано Симеоне падна по стартот на италијанскиот дефанзивец, но евентуалниот пенал беше поништен поради маргинална одлука за офсајд.

Градоначалникот изрази неверица во недостатокот на телевизиски снимки за да се разјасни одлуката, сугерирајќи дека релевантните снимки биле намерно сокриени.
„Неразбирливо е што нема снимки од офсајдот на Џулијано, а тоа беше чист пенал. Подоцна видовме на социјалните мрежи дека нема офсајд и дека тој тргнал од својата половина од теренот. Во натпревар со толку многу телевизиски камери, зошто реализаторот не ја прикажа снимката за да утврди дали има офсајд или не? Затоа што немаше, а тие не сакаа да го признаат тоа“, додаде тој, дополнително поттикнувајќи ја приказната за „наместен“ резултат.
Уште едно барање за пенал во кое се вклучени Калафиори и Антоан Гризман исто така беше одбиено, додека под лупа е ставено и надополнувањето на времето во второто полувреме, што според градоначалникот е доказ „доказ“ за пристрасност.
За Мартинез-Алмеида, изведбата на судијата беше само алатка што ја користеа неговите претпоставени за да се осигурат дека тимот од северен Лондон ги резервира своите билети за финалето во Будимпешта.
Тој го заврши својот говор со зборовите: „Според мене, имаше намера. Убеден сум дека Арсенал можеше да биде поразен, но ние не можевме да ја победиме УЕФА, тоа беше невозможно. На ждрепката за Будимпешта, не го извлековме Арсенал, туку УЕФА. Затоа мислам дека ние, навивачите на Атлетико, сме горди на нашиот тим затоа што не се бореше против Арсенал, туку против УЕФА. Можете да го победите Арсенал за 180 минути, но не можете да ја победите УЕФА. И УЕФА започна цел механизам за да го спречи пласманот на Атлетико Мадрид, а судијата беше само извршител на таа волја.“
Арсенал и ПСЖ ќе играат во финалето на Лигата на шампионите, на 30 мај во Будимпешта.
Веќе во 25. минута Силекс доби најстрога казна, но ударот на Ади Алиќ беше скротен од голманот на охри
