Градоначалникот на Милан, Бепе Сала ги предупреди Интер и Милан дека сегашниот предлог за нивниот нов стадион „Сан Сиро“ е невозможно да се оствари, ставајќи го во неизвесност планот за изградба на нов фудбалски дом во градот во северна Италија.
Интер и Милан веќе се согласија да го „напуштат“ сегашниот стадион бидејќи не веруваат дека може да биде доволно модернизиран и во септември ги презентираа своите планови кои минатата недела условно беа усвоени од собранието на Милано. Но, Сала вели дека работите не одат така едноставно.
„Мораме да се договориме со клубовите да се задоволат нивните и нашите потребни. Но, на сите треба да им е јасно дека тоа што го бараа тие, толку големо земјиште е невозможно за нас. Ќе видиме дали можеме да се договориме. Градот не го одбива новиот стадион, но потребно е да се најдат вистинските финансиски аспекти“, вели Сала.