Top Sport

Градоначалникот на Рим бара забрана за навивачите на Феенорд

Градоначалникот на Рим, Роберто Гвалтиери побара на навивачите на Феенорд да не им биде дозволено да присуствуваат на дуелот од Лига Европа со Рома.

„Волчицата“ пак ќе се сретне со холандскиот гигант во четврт-финалето на ЛЕ, откако минатата сезона ги победија со 1:0 во финалето на Конференциската лига. Навивачите на Феенорд се озогласени по своето однесувае и Гвалтиери вели дека тоа може да претставува голем проблем за градските власти.

„Со Феенорд има некои претходни негативни примери, а по тој меч ќе пристигнат инспектори кои ќе оценуват дали Рим е подготвен за Експо 2030, така што било каков инцидент би бил непожелен. Побарав од министерството за внатрешни работи да ги проценат најстрогите и најрогоризните мерки за да го заштитат Рим. Секако, сакаме да се разгледа можноста за забрана за патување“, изјави Галтиери.

Неапол оваа сезона исто така забрани присуство на навивачи на Ајнтрахт Франкфурт на мечот со Наполи во Лигата на шампионите, но тоа не спречи стотина германски ултраси да направат хаос на улиците на градот.

Scroll to Top