Top Sport

Хери Реднап подготвен да се врати на клупата на Тотенхем

Поранешниот менаџер на Тотенхем, Хери Реднап е подготвен да се врати на клупата на лондонскиот клуб, доколку тие се решат да го отпуштат Антонио Конте, нешто што според многу англиски експерти е веќе „завршена работа“.

76-годишниот Реднап не бил тренер од 2017 година, кога помина пет месеци на чело на Бирмингем сити, но самиот признава дека е подготвен да помогне на клубот каде што беше тренер од 2008 до 2012 година.

„Ако некој ме праша, да бидам искрен, ќе биде многу тешко да се каже не. Кога го сакаш клубот и работата тешко е да кажеш не, како што може да докаже и Рој Хоџсон со Кристал палас. Дали сум добил повик? Не, не, тоа не се случи, но не би имал ништо против“, вели Реднап.

Англиските медиуми, сепак, го поставуваат Роберто де Ѕерби, сонародникот на Конте и менаџер на Брајтон, како прв фаворит за менаџерската позиција.

Scroll to Top