Градоначалникот на Милано, Бепе Сала ја забрани продажбата на алкохол и користењето на било какви пиротехнички средства во околината на „Сан Сиро“ во недела, кога на славниот стадион Милан ја пречекува Аталанта во клучен меч за борбата за титула, со закана за казни до 5.000 евра за престапниците.
„Росонерите“ не можат математички да ја обезбедат првата титула од 2011 на тој меч, но околку победат, а Интер не ги победи Каљари подоцна во недела, тимот на Стефано Пиоли ќе стане шампион.
Милан имаат катастрофален скор во домашните мечеви против Аталанта во последно време, без победа во последните седум натпревари. Сепак, дури и да одиграат нерешено, влегуваат во последното коло со предност пред градскиот ривал Интер. Милан нема пораз во последните 14 кола во Серија А.
Niente alcol e fumogeni a San Siro fino alle 2: l'ordinanza di Sala per #MilanAtalanta https://t.co/Jp5jYC7c9p
— La Gazzetta dello Sport (@Gazzetta_it) May 13, 2022