Top Sport

Роналдо едвај чека да почне да работи со Тен Хаг

Кристијано Роналдо, очигледно, нема планови да го напушти Манчестер јунајтед, изјавувајќи дека е возбуден да почне да работи со новиот менаџер Ерик Тен Хаг.

Шпекулациите по катастрофалната повратничка сезона за „ѓаволите“, велеа дека Роналдо сака да си замине, но сега тој за официјалниот веб-сајт на клубот вели дека ќе биде потребно да му се даде време на 52-гоишниот Тен Хаг да успее во клубот.

„Тоа што го знам за него е дека заврши фантастична работа со Ајакс, дека има огромно искуство. Но, треба да му дадеме време. Треба да се сменат работите според неговите желби. Се надевам дека ќе имаме успех и му посакувам многу среќа во работата. Сите сме среќни и возбудени, не само како фудбалери, туку и како навивачи на клубот. Сакам да верувам дека од следната година ќе освојуваме титули“, вели Роналдо, кој има 24 гола во 38 меча по враќањето на „Олд Трафорд“.

Scroll to Top