Top Sport

Градските власти не и дозволуваат на Барселона да се врати на „Камп Ноу“

„Камп Ноу“ е сè уште во фаза на реконструкција, а Барселона упорно најавува дека нејзините играчи наскоро повторно ќе играат во својот дом. Барем засега тоа сè уште не е можно.

Градските власти на Барселона потврдија во вторникот дека „Камп Ноу“, дури и со ограничен капацитет, не е подготвен за враќање на навивачите, објавува „Мундо депортиво“.

Клубот планираше да биде домаќин на околу 27.000 гледачи во недела против Реал Сосиедад, но општината сè уште одбива да ги издаде потребните дозволи од безбедносни причини.

Како и во претходните две сезони, Барселона ќе биде домаќин на Олимпискиот стадион во Монжуик, а Пари Сен Жермен исто така ќе гостува таму во второто коло од Лигата на шампионите на 1 октомври.

Во првите 24 часа, 25.533 од оние што иматле сезонски билети за претходните две сезони ќе имаат предност при купувањето билети за натпреварот против Сосиедад. Нивните цени ќе бидат помеѓу 11 и 37 евра.

Цената на целата реконструкција на „Камп Ноу“ се проценува на 1,5 милијарди евра, а капацитетот на реновираниот стадион ќе биде 105.000 седишта, што го прави најголем во Европа.

Scroll to Top