Избраниците на Пеп Гвардиола по старниот пораз од Тотенхем во првото лигашко коло, попладнево „се истурија“ на екипата на Норич – победа со 5:0.
Се започна со несреќниот автогол на гостинскиот голман Крул, уште во 7 минута.
Новото засилување на „граѓаните“ Џек Грилиш го имаше својот првенец во дресот на Сити, во 22 минута за 2:0.
Во второто полувреме стоперот Лапорт во 64 минута зголеми на 3:0.
Стерлинг беше стрелецот на четвртиот погодок во мрежата на Норич, а точка на мечот стави Марез во 84 минута. Иако не се запиша во листата на стрелците, две асистенции на мечот имаше Бразилецот, Габриел Хесус.
На останатите мечеви во попладневниот термин во Англија, Астон Вила на свој терен беше поуспешна од Њукасл со 2-0. Ингс во 45 минута и Ел-Гази во 62-та донесоа триумф за тимот на „Вила парк“.
Без голови 0:0 заврши дуелот меѓу Кристал Палас и Брентфорд, а без победник заврши и дуелот меѓу Лидс и Евертон.
Гостите од Ливерпул поведоа со голот на Калверт Луин, а до полувремето избраниците на Биелса израмнија на 1-1. Стрелец Клих.
Во вториот дел Греј во 50 минута повторно го носи Евертон во предност, а голот за израмнување вреден 1 бод го постигна Рафиња.