Top Sport

„Граѓаните“ ќе носат „Пума“

Фудбалскиот клуб Манчестер сити и производителот на спортска опрема „Пума“, во четвртокот потпишале договор за соработка. Од наредната сезона „граѓаните“ ќе ја носат опремата на овој спортски бренд.

Манчестер сити и „Пума“ потпишале договор за десет годишна соработка од која клубот ќе заработи 650 милиони фунти.

Повеќе пари од спонзорски договор во Премиер лигата заработува само Манчестер Јунајтед.

Договорот потпишан во четвртокот во сила ќе стапи на 1 јули. Фудбалерите на Манчестер сити во новата опрема прв пат ќе се појават на претсезонската турнеја во Азија.

Инаку, прв клуб од „Сити групата“ што ќе почне да ја носи опремата на „Пума“ ќе биде кинескиот Шичуан. Овој клуб од неодамна е дел од ова спортско семејство.

Договорот нема да важи за Јокохама и Њујорк сити, бидејќи овие клубови имаат важечки договори со „Адидас“.

Scroll to Top