Top Sport

Надал „лут како рис“, Кирјос не почитува никого (Видео)

Рафаел Надал бил разочаран од однесувањето на неговиот противник Ник Кирјос на турнирот во Акапулко. Австралискиот Грк го победи Шпанецот по три часа голема борба со 3:6, 7:6, 7:6. Надал во тајбрејкот на третиот сет не успеа да искористи три меч топки.

Дамка на големата победа што ја забележа Кирјос фрла неговото однесување во текот на мечот и непримерната прослава по завршувањето на истиот.

„Тој играч со неверојатен талент, играч што може да освојува Гренд слем титули и да се бори за првото место на АТП листата, но од некоја причина се наоѓа на ова место. Му недостига почит кон публиката, кон ривалите и кон себе си“, рекол лутиот Надал.

Кирјос не му останал должен со зборовите дека му е „гајле што мисли Надал“.

„Тоа е негово мислење, ние сме различни, го почитувам, тој е голем шампион, но тој не знае низ што поминувам. Поради тоа неме интересиран неговото мислење. И тој константно го менува ритамот спротивно на правилата кога противникот сервира, па јас не се бунев“.

Ник Кирјос во наредното коло за противник ќе го има Стан Вавринка.

Scroll to Top