Манчестер сити се спасија ос срам и успеаја да се пласираа во петтото коло, во ФА купот. „Граѓаните“, како гости славеа кај членот на Лига 3 (четврта лига), Челтнам со 3.1.
Иако резултатот тоа не го покажува, избраниците на Пеп Гвардиола победата ја обезбедија во последните десет минути од натпреварот.
Алфи Меј, во 59.минута, погоди за предност на Челтнам.
Резултатот 1:0 беше актуелен до 81.минута, кога израмни Фи Фоден, а две минути подоцна Габриел Жесус го комплетираше пресвртот. Конечниот резултат го постави Илкај Гундоган во последните секунди.
Манчестер сити во петтото коло ќе игра против Свонси.