Top Sport

„Граѓаните“ соборија неколку рекорди и се простија од Јаја Туре (Видео)

Фудбалерите на Манчестер сити соборија три премиерлигашки рекорди, а потоа, по завршувањето на натпреварот со Брајтон (3:1) се простија од клупската легенда, Јаја Туре.

Новиот шампион на Англија до победата над Брајтон дојде со головите на Данило, Бернардо Силва и Фернандињо.

„Граѓаните“ на овој меч поставија три нови рекорди. Постигнаа најмногу голови во една сезона, освоија рекорден број на бодови и забележаа најмогу победи. Сите овие рекорди претходно беа во сопственост на Челси.

Во пресрет на последното коло Сити има постигнато 105 гола (Челси 103 во сезоната 2009/2010), има 31 победа (Челси 30 во сезоната 2016/2017) и е на бројката од 97 бода (Челси 94 сезона 2004/2005).

foto: epa

По завршувањето на натпреварот од дресот на Манчестер сити се прости Јаја Туре. Поранешниот репрезентативец на Брегот на слоновата коска на „Етихад“ пристигна во 2010 година од Барселона, на 316 натпревари постигнал 82 гола и освоил три шампионски титули.

Јаја Туре одржа говор пред соиграчите и навивачите, а во еден момент му се приклучи и неговиот брат Коло, кој исто така го носел дресот на Сити.

Scroll to Top