Top Sport

Мурињо: Не ги сакам сите свои фудбалери

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо „имал чувство“ дека Пол Погба и наредната сезона ќе биде на „ОлдТрафорд“. Во текот на сезоната често се шепкулираше околу иднината на францускиот репрезентативец, меѓутоа Мурињо изјавил дека нема намера да дозволи трансфер.

„Мислам дека ќе биде тука и наредната сезона. Го чувствувам тоа. Клубот не сака да го продаде, а јас можам да ви потврдам дека никој не дошол во клубот, ниту пак испратил понуда за Погба. Во момент би рекол дека тој останува тука“, рекол Мурињо.

Португалецот, исто така, рекол дека ќе мора да ја прифати вистината дека некои фудбалери, што несе на посакуваното ниво, ќе останат во клубот.

„Некои од фудбалерите мора да бидат константни. Потребен ни е дополнителен квалитет…Во некои имам поголема доверба, за некои сум сигурен дека ќе го одработат она што го барам од нив, за некои се надевам дека ќе го направат тоа, а во во некои се сомневам. Доколку ги прашате останатите менаџери од Премиер лигата исто ќе во одговорат. Во мојот тим имам фудбалери што би ги заменил со подобри. Фудбалски не ги сакам сите свои играчи“, дополнил манеџерот на „црвените ѓаволи“.

Манчестер јунајтед, вечерва, ќе го одигра натпреварот од 31.коло против Вест Хем јунајтед.

Scroll to Top