Top Sport

Гранада ја среди Мајорка, неочекуван пораз на Сосиедад на „Аноета“ (видео)

Фудбалерите на Гранада попладнево славеа минимална победа од 1-0 против тимот на Мајорка во шпанската Ла Лига во рамки на 19 коло. Стрелец на единствениот гол за фомашната екипа беше Анхел Монторо во 24 минута.

Беше тоа 8 победа за екипата од југот на Шпанија, по два порази во низа, од Леванте и Еибар.

За Мајорка пак денешниот беше 12 сезонски пораз, па екипата во која не се изнаигра нашиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски е во опасната зона која носи во понизок ранг.

Интересен дуале е одигра на „Аноета“ меѓу Реал Сосиедад и Вилјареал. „Жолтата подморница“ славеше пресврт победа со 2-1, откако домаќините водеа на полувремето со 1-0.

Вилиан Жозе донесе водство на домашната екипа во 22 минута, а во второто полувреме прв пресвртот го најави Тригерос, од пенал во 58 минута.

Победоносниот гол за Вилјареал беше дело на ветеранот Санти Касорла во 72. минута.

Scroll to Top