Top Sport

Чиро Имобиле ја тресна Бреша во 91 минута (видео)

Римски Лацио продолжи со одличните настапи во Серија А и во 2020 година. Избраниците на Симоне Инзаги попладнево со 2-1 ја совладаа Бреша на нејзин терен благодарение на двата гола на феноменалниот Чиро Имобиле.

Сепак домашните преку Марио Балотели дојдоа до водство. Контроверзниот напаѓач во 18 минута прецизно стрелаше за радост во гледалиштето, 1-0 за Бреша.

Brescia’s Mario Balotelli scores a goal during the Italian Serie A soccer match Brescia Calcio vs SS Lazio at Mario Rigamonti stadium in Brescia, Italy, 5 January 2020.
ANSA/SIMONE VENEZIA

Сепак Бреша во првиот дел остана со играч помалку. Кистана направи прекршок за фаул, по што беше досуден за пенал.
Најдобриот голгетер на Лацио Имобиле прецизно биеше од белата точка за 1-1.

Во второто полувреме Бреша беше насочена на дефанзивата, за да ги одбрани тие 1-1. Сепак Имобиле им го зема бодот во 91 минута.

Тој по вторпат ја затресе противничката мрежа и донесе голем триумф за својот тим со што римскиот клуб сега е на третата позиција на табелата со само 3 бода помалку од лидерското дуо (Интер, Јувентус).
Бреша, пак, се уште е на позиција кој носи во понизок ранг.

Scroll to Top