Top Sport

Гранада ја зголеми мизеријата на Наполи, Бенфика и Арсенал со реми

Иднината на Џенаро Гатузо на клупата на Наполи изгледа се понеизвесна, откако „партенопеи“ беа казнети на гостувањето кај Гранада во првиот меч од 1/16 финалето на Лига Европа, губејќи со 2:0. Во другите мечеви, Арсенал на гостувањето кај Бенфика одигра 1:1, Ајакс со луд камбек стигна до 2:1 победа на гости кај Лил, а Вилјареал славеше со 2:0 на гостувањето кај Ред бул Салцбург.

Јанхел Ерера во 19. минута, и Кенеди само две минути подоцна стрелаа за шпанскиот прволигаш за незгоден пораз на Наполи со кој имаат мали шанси да влезат во осминафиналето. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра 90 минути на „Лос Карменес“.

На „Олимпико“ во Рим, Бенфика прва дојде во водство против Арсенал во 55. минута, откако Пјер-Емерик Обамејанг имаше неверојатно промашување, пред веднаш да одговори младиот Букајо Сака во 57. минута за интересен реванш на „Емирати“.

ЛИГА ЕВРОПА, 1/16 ФИНАЛЕ, 1.МЕЧ

Антверпен – Ренџерс 3:4

Бенфика – Арсенал 1:1

Гранада – Наполи 2:0

Лил – Ајакс 1:2

Макаби Тел Авив – Шахтјор Доњецк 0:2

Молде – Хофенхајм 3:3

Ред бул Салцбург – Вилјареал 0:2

ГРАНАДА – НАПОЛИ

БЕНФИКА – АРСЕНАЛ

АНТВЕРПЕН – РЕНЏЕРС

МОЛДЕ – ХОФЕНХАЈМ

ЛИЛ – АЈАКС

AnimeFreak animefreak my hero academia: The Quintessential Quintuplets 2 (https://animefreak.ws/m/dv8g) Episode 12

KissAnime paradise kiss anime: Hunter x Hunter (https://kissanimeonline.com/m/zmL) Episode 148

Scroll to Top