Гранада го изненади шпанскиот првак Атлетико Мадрид на гости на „Ванда Метрополитано“ играјќи без голови. Тимот на Диего Симеоне имаше иницијатива и неколку добри можности, но не го проби бедемот на гостите. И покрај тоа Атлетико Мадрид се искачи на втората позиција на табелата со 61 бод, но има и два натпревари повеќе од Барселона.
Гранада се бори за опстанок и ова реми е извонредно значајно за нив. По ова, Гранада се наоѓа на 18. позиција со 30 бода и се уште е во опасната зона.