Top Sport

„Гранде“ Милан го „уништи“ Јуве, но го загуби Ибрахимовиќ

Лошата сезона за Јувентус стана уште полоша, откако Милан успеа да стигне до импресивна 3:0 победа сред Торино за да ги намали шансите на „бјанконерите“ за пласман во Лигата на шампионите.

Шокот за Јуве го најави Брахим Дијаз со прекрасен гол во финишот на првото полувреме, а „росонерите“ имаа шанса да зголемат на 0:2 во 58. минута кога беше досуден пенал по играњето со рака во шестнаесетникот на Џорџо Кјелини.

Златан Ибрахимовиќ реши да му го препушти пеналот на Френк Кеси, кој се „изглупира“ и ја упати топката директно во рацете на Војчех Шчесни. Ибрахимовиќ во 66. минута доби нова повреда, која може да го оддалечи од Европското првенство, но потоа мечот го реши неговата замена, Анте Ребиќ со гол во 78. минута. Фикајо Томори само стави сол на раната на „бјанконерите“ во 82. минута од мечот.

Со овој резултат, на само три кола пред крајот на шампионатот, Милан се трети со 72 поени, исто како и третопласираната Аталанта, Наполи се трети со 70, додека Јуве остануваат на петтото место (кое води во Лига Европа) со 69 поени.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top