Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Италија Габриеле Гравина не се откажува од намерата да бидат одиграни сите натпревари во Серија А и со тоа да заврши сезоната.
Според италијанските медиуми клубовите со редовни тренинзи би требалод а започнат на 4 мај, а сезоната би требало да продолжи кон крајот на мај или почетокот на јуни.
„Постојат две струи. Првата смета дека спортот треба да запре и втората на која и јас и припаѓам верува дека натпреварувањата би можеле да продолжат“, рекол Гравина и дополнил.
„Не сакам да бидам гробарот на италијанскиот фудбал. Имам обврска да го бранам фудбалот, да го бранам спортот“.
Тој истакнал дека конечниот збор ќе го има владата на Италија.
„Можете да замислите низ каква драма минувам. Постои процедура што мора да се почитува. Им испративме протоколи на министрите за здравство и спорт, чекаме одговор. Сигурен сум дека првенството е продолжи“, заклучил Гравина.
Во Италија во среда ќе се одржи состанок на сите надлежни органи на кој ќе се дискутира на кој начин можат да бидат завршени натпреварувањата во сите спортови.