Грција, Египет и Саудиска Арабија заеднички ќе поднесат кандидатура за домаќин на Светското првенство во фудбал во 2030 година.
Владите на трите земји дадоа зелено светло за отпочнување на процедурата, а најголемиот товар на трошоците ќе падне на Саудиска Арабија, која треба да помогне за изградба на дополнителна инфраструктура во Грција и Египет.
Извесно е дека доколку ФИФА им ја додели организацијата на овие три држави, дека Светското првенство, како и следното во Катар, би се играло на крајот на годината, со оглед на високите температури во текот на летото во Египет и Саудиска Арабија.
Ова е втора објавена кандидатура. Со заедничка понуда ќе излезат Шпанија, Португалија и Украина, а се најавува дека заедничка понуда ќе имаат и Уругвај, Аргентина, Парагвај и Чиле. Во 2030 година ќе се одбележат 100 години од првото Светско првенство во Уругвај.