Top Sport

КК Партизан му врачи отказ на Мута Николиќ

Кошаркарскиот клуб Партизан му врачи отказ на тренерот Мирослав Мута Николиќ поради серијата лоши резултати во АБА лигата и Еврокупот. Николиќ летово го презеде Партизан, најави дека ќе се насочи кон развојот на младите играчи, но со резултатите не ги задоволи апетитие на раководството.

Партизан забележа порази на последните пет натпревари, односно има само една победа на последните девет мечеви во АБА лигата и Еврокупот.

Во регионалната лига Партизан со уште четири тима ја дели четвртата позиција на табелата со скор од пет победи и шест порази, додека во Еврокупот има скор од една победа и шест порази.

Српските медиуми шпекулираат дека можен наследник на Николиќ е неговиот асистент и поранешен играч на клубот Ненад Чанак.

Партизан во четврток ќе го пречека Билбао во Еврокупот, а потоа во Белград ќе гостува македонскиот шампион МЗТ.

Scroll to Top