Top Sport

Грилиш ги избриша пораките во кои страствено навива за Манчестер јунајтед

Еден од најсигурните знаци дека Џек Грилиш е пред договор за трансфер во Манчестер сити, покажува што капитенот на Астон вила реши да прочепка низ својот Твитер акаунт и да ги избрише твитовите во кои јасно навива за нивниот лут градски ривал, Манчестер јунајтед.

Повеќе извори денеска потврдија дека договорот од 100 милиони фунти е пред комплетирање. Но, во минатото тој јасно ја поддржувал црвената страна на Манчестер.

„Фудбалот е тука! Ве молам Јунајтед победете, а Сити загубете, не можам да гледам како Сити станува шампион“, вели во една порака од 2012.

„На пат на тренинг, сонцето свети, едвај го чекам мечот вечерва, ајде Црвени“, вели друг твит.

„Обожавам да го слушам Дрејк на слушалки пред заспивање. Малку ќе дремнам па ќе гледаме Јунајтед вечерва“, стои во третиот.

Сепак, понуда од 100 милиони фунти, и шанса да заигра во еден од најсилните европски клубови, очигледно е попримамлива.

Scroll to Top