Top Sport

Грилиш го продолжи договорот со Астон Вила

Астон Вила денеска потврди дека капитенот Џек Грилиш потпишал нов пет годишен договор. На Вила парк тој ќе остане до 2025 година.

Грилиш е во Астон Вила од својата осма година, за првиот тим дебитирал во сезоната 2013/2014.

„Ова е мој клуб, ова е моја куќа, среќен сум тука. Сопствениците имаат високи амбиции. Пред нас се возбудливи години“, порачал Грилиш.

Грилиш во вториот дел од сезоната се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, меѓутоа „црвените ѓаволи“ не сакаа да го платат обесштетувањето. Астон Вила сметаат дека нивниот капитен вреди најмалку 80.000.000 евра.

Scroll to Top