Фудбалерот на Манчестер сити, Џек Грилиш, повторно е тема во Англиската јавност. Грилиш за кого Манчестер сити платија 117.500.000 евра е снимен како „камен пијан“ се обидува да влезе во еден ноќен клуб.
Грилиш, бил заедно со соиграчите Кајл Вокер и Ријад Марез. Обезбедувањето на му дозволило да влезе во ноќниот клуб, бидејќи не бил облечен според правилата на локалот.
„Џек е лут биејќи не го пуштија да влезе. Погледнете го, тој е пијан и лут“, се слуша на снимката која се појави на социјалните мрежи.
Ова е втор инцидент, во изминатите два месеци во кој главен актер е Грилиш. Претходно, на неколку натпревари, поради лошото однесување и недисциплината, заедно со Фил Фоден тој беше исфрлен од тимот.
Grealish 'turned away from a bar for being too drunk' ?#Greenwood #grealish #Jackgrealish #kylewalker #ManchesterCity #mancity #grealishdrunk pic.twitter.com/L56AbZzVs7
— 4Football TV (@4footballtv) February 8, 2022