Top Sport

„Грилиш ќе игра кога ќе ја подобри формата“

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека Џек Грилиш ќе се врати во првиот тим откако ќе ја подобри својата игра.

Грилиш започна 41 натпревар минатата сезона, во кои Сити ја освои тројната круна, Премиер лига, Лигата на шампионите и ФА Купот. Сезонава стартуваше на 19 натпревари, од кои седум во Премиер лигата.

„Тој е истиот фудбалер, го има истиот тренер и начинот на кој играме не е променет. Се работи само за неговата игра. Само тоа е различно“, изјави Гвардиола, а пренесува Би-би-си.

Оваа сезона Грилиш беше стартер во Комјунити Шилд, Суперкупот на Европа и во два натпревари на Светското клупско првенство во Саудиска Арабија.

Последниот натпревар во Премиер лигата го започна на 30 декември против Шефилд јунајтед, кога по 52 минути беше заменет со младиот Оскар Боб. Во 2021 година, Грилиш се пресели во Сити од Астон Вила за 100 милиони фунти.

„Од првиот ден реков дека ни треба. Тој има посебен квалитет за нашиот тим, но тоа зависи од него. Се надевам дека ќе може да игра добро во последните три месеци“, изјави Гвардиола.

Scroll to Top