Top Sport

Грилиш лудува во Лас Вегас, на шампањско потрошил 93.000 евра

Најскапиот фудбалер во историјата на Манчестер сити, Џек Грилиш, со пријатели лудува во Лас Вегас. Тој бил забележан како пијан излегува од едно казино. Според британските медиуми потрошил 93.000 евра за ВИП услуги и 116 шишиња шампањ.

Ова не е прв пат Грилиш, да биде снимен во алкохолизирана состојба, но досега никогаш не бил санкциониран, бидејќи тоа го прави во слободното време.

Да потсетиме, откако ја освои својата прва англиска титула, Гралиш се одмораше на Ибица, а потоа со десетина пријатели замина во Вегас.

Околу три часа по полноќ Грилиш го напуштил казиното пијан. Присутните за британските медиуми изјавијле дека фудбалерот на Сити го напуштил објектот со помош на обезбедувањето.

 

Scroll to Top