Top Sport

„Грилиш мора да ја врати страста кон фудбалот“

Џек Грилиш мора повторно да ја открие својата страст кон фудбалот ако се надева дека повторно ќе игра, изјави менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, на прес-конференција во Филаделфија.

Манчестер сити го отвора клупскиот Мундијал ќе го отвори против Видад Казабланка, а Гвардиола на новинарите им откри зошто Грилиш не е со тимот во САД.

„Џек е исклучителен играч, но решивме дека е подобро за него да остане во Англија и да има место каде што може повторно да открие каков беше во годината кога ја освои тројната круна или во текот на целата кариера во Астон Вила“, објасни шпанскиот стручњак.

Грилиш пристигна во Сити во летото 2021 година од Астон Вила за 117 милиони евра, а се истакна со освојувањето на Лигата на шампионите, Премиер лигата и ФА Купот во 2023 година. Во последните две сезони, тој постигна само четири гола во лигата, а во сезоната што штотуку заврши, имаше само 16 настапи во сите натпреварувања.

„Без него, ќе беше потешко да се постигне она што го постигнавме, но факт е дека во последните две сезони не играше многу минути. Мора да му се врати на фудбалот и да има пеперутки во стомакот дека сака да игра на секои три дена“, истакна Гвардиола.

Грилиш неодамна беше критикуван за неговиот екстравагантен начин на живот и се шпекулира дека неговата иднина на „Етихад“ е под знак прашалник. Тој е под договор до летото 2027 година, а неговата пазарна вредност денес е 28 милиони евра.

Scroll to Top