Top Sport

Грилиш му одговори на Кин: Побарав да шутирам пенал

Џек Грилиш, ѕвездата на Астон Вила, експресно му одговори на Рој Кин, кој во анализата за Скај спорт, посочи дека Гричиш и Стерлинг требале да преземамт одговорност и да шутираат во пенал серијата против Италија, а не да го остават младото момче Сака, да решава во последната серија.

„Јас кажав дека сакам да шутирам“, напишал Грилиш.

„Селекторот, во текот на турнирот, донесе толку добри одлуки и синоќа го праваше тоа. Но, не сакам луѓето да зборуваат дека не сум сакал да шутирам пенал. Кажав дека сакам да шутирам“.

Засега нема коментар на оваа тема од вториот кој доби критики од Кин, Рахим Стерлинг.

„Стерлинг и Грилиш мораа да преземат одговорност“

Scroll to Top