Top Sport

Грилиш наскоро потпишува за нов клуб?

Евертон напредува во преговорите за потписот на Џек Грилиш. „Карамелите“ имаат намера да го позајмат оваа сезона од Манчестер сити. 29-годишниот англиски репрезентативец, кој беше отстранет од првиот тим на Сити и не беше во составот за последниот натпревар од Премиер лигата против Фулам, како и за Светското клупско првенство во САД.

Извори потврдија за Би-би-си, дека договорот за Грилиш, кој наводно заработува 354.000 евра неделно во Сити, сè уште не е финализиран. Грилиш пристигна во Сити од Астон Вила во август 2021 година за тогаш рекордни 118 милиони евра и одигра повеќе од 150 натпревари, освојувајќи три титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот. Сепак, тој минатата сезона одигра само седум натпревари во лигата, а Сити ја заврши сезоната без голем трофеј.

Во јуни беше познато дека Грилиш сака да го напушто клубот, но сега се чини дека ќе мора да прифати позајмица. Тој би претпочитал да оди во клуб кој игра во Лигата на шампионите, но засега нема понуди од Њукасл јунајтед или Тотенхем.

Трансферот во Евертон нема да му донесе европски натпревари, но ќе му даде шанса да ја оживее кариерата и да преземе водечка улога на новиот стадион „Хил Дикинсон“.

Грилиш, исто така, ќе се обиде да се врати во националниот тим откако минатото лето призна дека бил „разочаран“ што не бил поканет на Европското првенство.

Scroll to Top