Top Sport

Грилиш признава дека бил блиску до Јунајтед

Џек Грилиш признава дека бил „многу блиску“ до потпис со Манчестер јунајтед во 2020 година, пред да стане најскапиот британски фудбалер во историјата со трансферот од 100 милиони фунти од Астон вила во Манчестер сити.

Англискиот репрезентативец во 2019 година, конечно, успеа да игра во Премиерлигата кога Вила се врати во елитата, и веднаш беше поврзуван со скап трансфер, посебно во Јунајтед, чиј фан бил како дете. Но, 26-годишниот плејмејкер во 2020 се обврза на нов договор со Вила, пред да потпише со Сити ова лето.

„Бев многу блиску да отидам таму, но на крајот ништо не се случи. Игравме пријателска пред стартот на сезоната со Јунајтед во сабота, и не требаше да ме стават во куп мечот следната недела, но му кажав на мојот агент дека не си одам и дека ќе потпишам нов договор со Вила. Отидов во вторникот со моето куче, потпишав договор и играв. Се договоривме клаузулата за било кој тим да биде 100 милиони фунти. Добиваш една таква шанса во кариерата или времето ти оди. Сметав дека Вила оди кон Европа, но не знаев колку време ќе биде потребно. Ако не дојдев во Сити, ќе жалев засекогаш. Се сеќавам на Мајкл Овен кога го кажа истото за Реал Мадрид“, вели Грилиш.

Грилиш ги избриша пораките во кои страствено навива за Манчестер јунајтед

Scroll to Top