Top Sport

Грилиш стравува дека Гвардиола се подготвува да го продаде

Џек Грилиш не успева да се помири со тоа што не е редовен стартер со Манчестер сити и стравува дека Пеп Гвардиола ќе сака да го продаде во летниот преоден рок и покрај тоа што англискиот шампион плати 100 милиони фунти за него пред две години за трансферот од Астон вила, тврдат британските медиуми.

27-годишниот Грилиш оваа сезона го загуби стартното место, додека Гвардиола сметаше не само на Ерлинг Халанд и Фил Фоден, туку и на Бернардо Силва и Илкај Гундоган предд него и смета дека ја загубил довербата кај Гвардиола.

Тој беше стартер во само шест од 14-те меча од Премиерлигата оваа сезона и има само еден гол при 3:0 победата н Вулверхемптон. Во вупно 55 меча за Сити, Грилиш има 7 гола и 4 асистенции.

Scroll to Top