Top Sport

Иранскиот капитен ги обвини Англичаните за ментални игри пред нивниот меч

Капитенот на репрезентацијата на Иран, Алиреза Џаханбакш ги обвини англиските медиуми дека се обидуваат да го „дестабилизираат“ неговиот тим пред нивната пресметка во првото коло на Светското првенство.

Џаханбакш смета дека постојаниот фокус на политичките прашања, од ситуацијата во Катар до протестите во Иран е доказ дека тие се обидуваат на „валкан“ начин да дојдат до предност.

„Да бидам искрен, да не беше Англија во нашата група тогаш немаше да ги добивам овие прашања. Покрај тоа, одговаравме на истите прашања цела недела со англиските медиуми и како што се доближува мечот во петок, тие стануваат почести. Секогаш го респектираме тимот, дресот без разлика на сите случки. Лесно е да се играат овие ментални игри, да се прашува што се случува во нашата татковина“, вели Џаханбакш, кој има искуство во Англија, поминувајќи три сезони во Брајтон пред во 2021 да направи трансфер во феенорд.

Покрај Англија, во групата на Иран се и Велс и САД.

Scroll to Top