Top Sport

Гринвуд ќе стане татко (со девојката која го обвинуваше), на прв состанок со Јунајтед

Мејсон Гринвуд го имал првиот состанок со шефовите на Манчестер јунајтед по отфрлањето на обвинувањата кон него, јавуваат англиските медиуми по вестите дека ќе стане татко за првпат, и тоа со девојката која го обвини за обид за силување и закани за убиство.

21-годишниот Гринвуд нема играно или тренирано со Јунајтед од 22 јануари 2022, кога неговата девојка, Хериет Робсон, со серија фотографии и аудио-снимки го обвини дека постојано ја малтретирал и тепал. Но, по неколку месеци во притвор и по истрагата, беше објавено дека случајот против него е отфрлен поради „нови докази“ и откажување на сведоците.

Сепак, Јунајтед не се решија веднаш да го вратат во тимот, објавувајќи дека конечната одлука ќе биде донесена по сопствена истрага. Според „Сан“, Гринвуд и неговите агенти се сретнале со шефовите на Јунајтед пред мечот со Барселона во Лига Европа. Гринвуд остана на платниот список на Јунајтед за време на суспензијата, со неделна плата од 75.000 фунти.

Scroll to Top