Top Sport

Гринвуд во Јунајтед до 2025 година

Манчестер јунајтед му го продолжи договорот на младиот напаѓач, Мејсон Гринвуд.

Клубот од „Олд Трафорд“, објави дека новиот договор на Гринвуд сега ќе трае до 2025 година. Челниците на Јунајтед сметаат дека Гринвуд е еден од фудбалерите кои имаат блескава иднина во клубот.

Оваа сезона, Гринвуд, настапил на 29 натпревари, постигнал четири гола и забележал пет асистенции.

Минатата сезона беше извонреден со 19 гола на 51 натпревар.

Scroll to Top