Top Sport

„Гризман е еден од најдобрите во светот“

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серзо, ги коментираше гласините за заминување на Антоан Гризман.

Претходните денови се појавија информации дека Гризман може да го напушти Мадрид и повторно да го облече дресот на Барселона, од каде што дојде на позајмица, но првиот човек на Атлетико Мадрид стави крај на тие приказни.

Освен што ги отстрани сомнежите за останувањето на Гризман во Мадрид, Серезо додаде дека го смета Гризман за играч кој е во самиот врв на светскиот фудбал.

„Според мене, Антоан е еден од тројцата или четворицата најдобри играчи во светот. Гризман е наш играч, има договор со Атлетико Мадрид и ќе остане тука во Атлетико Мадрид“, изјави Серезо.

Гризман дојде во Атлетико на едногодишна позајмица на крајот на летото 2021 година.

Постои и опција таа позајмица да се продолжи на уште една година, што најверојатно ќе се случи, судејќи по оваа изјава на првиот човек на „јорганџиите“.

Доколку Гризман остане во Мадрид, на крајот на следната сезона ќе се активира клаузула според која Гризман трајно ќе стане играч на Атлетико Мадрид, во замена за 40.000.000 евра.

Гризман оваа сезона одигра 35 натпревари за Атлетико и постигна осум гола.

Scroll to Top