Атлетико Мадрид се доближи на само шест поени до Барселона (со натпревар повеќе), откако Антоан Гризман го реши гостувањето на југот на Шпанија во Малага уште во 40. секунда од мечот.
Гризман најдобро се снајде во една мешаница пред домашниот гол, за да го совлада Роберто Хименез, по што иронично тоа беше единствениот удар на двата гола во првите 45 минути.
Гризман голот му го посвети на Начо „Чолито“ Барбера, навивачот на Атлетико Мадрид и фудбалер на УД Алзира, кој почина во тек на натпревар минатата недела.
И покрај оваа статистика, со трите поени за третата победа во низа, „јорганџиите“ освоија 52 поени, само шест помалку од Барселона, која утре го пречекува Хетафе.