Top Sport

Гризман го комплетираше пресвртот за Атлетико (видео)

Антоан Гризман дефинитивно излезе од голгетерската криза, за да помогне Атлетико Мадрид да дојде до победа од 2:1 над Реал Сосиедад со гол во 88. минута.

Атлетико се намачи пред својата верна публика на „Ванда Метрополитано“, откако тимот од Сан Себастијан поведе во 29. минута со голот од пенал на Вилијан Жозе, човекот кој го уништи Вардар во Скопје во дуелот од Лигата на Европа.

Филипе Луис израмни во 63. минута по асистенција на Саул Нигуез, а истиот играч му додаде и на Французинот Гризман за победа во 88. минута од мечот.

Со важната победа, тимот на Диего Симеоне се доближи на шест поени до Барселона, која повторно неочекувано пропушти поени по 2:2 ремито со Селта.

Scroll to Top