Top Sport

Фрајтаг со два одлични скока стана нов лидер во генерален пласман

Германецот Рихард Фрајтаг е новиот лидер во генерален пласман во Светскиот куп во ски скокови, откако триумфираше на саботното натпреварување во рускиот ски-центар Нижни Тагил.

26-годишниот Фрајтаг до шестата победа во кариерата стигна со скокови од 135 и 137 метри за да собере 267.5 поени и да победи двајца Норвежани – Даниел Андре Танде и Јохан Андре Форфанг. Танде имаше скокови од 141 и 136 метри за 266.9 поени, додека Форфанг од 13. место по првата серија со 129 метри, го сруши рекордот на скокалницата со скок од 141.5 метри за да го освои третото место со 264.3 поени.

Во генерален пласман, Фрајтаг има 190 поени, пред Танде (175), Форфанг (153), Германецот Андреас Велингер (139) и актуелниот шампион од Светскиот куп, Штефан Крафт (130).

Scroll to Top