Top Sport

Гризман го натера својот роден град да прославува како него (видео)

Како дел од прославата на светската титула на Франција, ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман го посети својот роден град Масон во централна Франција за да прослави со стотина домашни навивачи.

Напаѓачот, кој беше еден од клучните луѓе на селекторот Дидие Дешам во славниот поход кон титулата во Русија, го грабна микрофонот и ги „натера“ навивачите да прославуваат со неговиот препознатлив потег од видео-играта „Фортнајт“ – со „L“ знакот на челото.

Scroll to Top