Top Sport

Мартина Хингис вторпат се омажи

Поранешната швајцарска тениска ѕвезда, Мартина Хингис се ожени по вторпат, јавува швајцарскиот весник „Блик“.

Хингис, која претходно во април 2010 се омажи со Французинот Тибо Утан, сега влезе во брак со 38-годишниот Харалд Леман, докторот на швајцарскиот Фед куп тим, со кого се запозна на Олимпијадата во Рио во 2016 година кога Хингис со Тимеа Бачински го освои среброто во двојки.

„Доволно бев во центарот на вниманието, сега одам на следниот чекор во мојот живот. Најдоброто следува“, изјави Хингис.

Хингис и Хери Леман се венчале на приватна церемонија во Луцерн пред најблиските пријатели и роднини.

Хингис ја прекина кариерата третпат во октомври 2017 година по ВТА финалето во Сингапур. Таа во кариерата беше светска тенисерка број 1 дури 209 недели и освои 25 гренд слем титули (5 сингл, 13 во двојки и 7 во мешани двојки).

Scroll to Top