Top Sport

Гризман го постигна 8.000 гол во Лигата на шампионите

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, го запиша своето име во историските книги во Лигата на шампионите. Францускиот репрезентативец синоќа го постигна 8.000 гол во елитното фудбалско натпреварување.

Од првиот гол на Даниел Амокачи, на натпреварот Бриж-ЦСКА Москва, одигран на 25.ноември 1992 година, до 8.000 гол што го постигна Гризман минаа 26 години. Најдобриот играч на „колчонерос“, во победата над Бриж 3:1 постигна два гола. Во историјата ќе биде запишан неговиот вториот гол, што го постигна во 67.минута.

Инаку, до почетокот на сезоната 2018/2019 во Лигата на шампионите биле постигнати 7.912 гола. Во првото коло, во новата сезона беа постигнати 45 гола, во вторникот, на отворањето на второто коло уште 23, а до погодокот на Гризман во 67.минута уште 19 гола.

Јубилејни голови во Лигата на шампионите:

Scroll to Top